Ömer Azzam,Zeynep Hilal Karyağdı
08 Мај 2016•Ажурирај: 09 Мај 2016
КАИРО (АА) - Терористичката организација ДАЕШ ја презеде одговорноста за вооружениот напад утринава во кој загинаа осум полицајци во јужниот дел на Каиро, јавува Anadolu Agency (AA).
Во вооружениот напад на комбе кој утринава превезувал полицајци во јужниот дел на Каиро загинаа осум полицајци, а порталот на ДАЕШ „Амак” пренесува токму оваа организација го извршила овој терористички напад.
Истиот извор вели дека напаѓачите по нападот врз полицијата заплениле поголема количина на оружје и муниција.
Египетското министерство за надворешни работи претходно најави дека египетските сили започнале голема операција и дека трагаат по напаѓачите.
Египет во изминатите неколку години е место на чести терористички напади, особено во кризниот северен дел на Синај. Најчесто зад овие напади е организацијата Ансар Беит ал-Maкдис, која во ноември 2014 година ѝ се приклучи на ДАЕШ и го промени своето име во „Син вилает”.