Davut Çolak
23 Април 2021•Ажурирај: 23 Април 2021
КОПЕНХАГЕН
Данска го продолжи распонот помеѓу првата и втората доза на вакцината на „БајоНТех“/„Фајзер“ и „Модерна“ против Ковид-19 за три недели, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Државната телевизија ДР, повикувајќи се на информации од Заводот за здравство, јави дека Данска, која сака со првата доза да вакцинира што поголем број луѓе, во рамките на програмата за вакцинација го зголеми распонот помеѓу двете дози од три на шест недели.
Се наведува дека на тој начин лицата кои ќе ја примат првата доза ќе бидат вакцинирани најмалку една недела порано.
Официјалните претставници предвидуваат дека побрзата вакцинација ќе доведе до побрзо создавање на имунитет против Ковид-19.
Во земјата којашто брои околу 5,8 милиони жители, досега прва доза вакцина примиле 1.142.046 лица, додека 549.173 лица ја примиле втората доза.