?????
04 Јануари 2016•Ажурирај: 05 Јануари 2016
КОПЕНХАГЕН (АА) - Данска од денес ја зголеми контролата на својата граница со Германија, неколку часа откако започна со спроведување на слични мерки и соседна Шведска, со цел да се намали протокот на мигранти, јавува Anadolu Agency (АА).
Данскиот премиер Ларс Локе Расмусен за новинарите во Копенхаген изјави дека од пладне работат полициските контролни пунктови за патниците кои ја преминуваат границата од правец на Германија.
"Почнавме со привремени гранични контроли", рече премиерот, додавајќи дека за "обичните" Данци и Германци нема да има проблеми при преминување на границата.
Оваа одлука уследи по одлуката на земјите во Европската унија да го суспендираат договорот за границите и одржувањето на отворени внатрешни граници, по што еден милион имигранти влегоа во ЕУ во 2015 година.
"Ако ЕУ не може да ги заштити надворешните граници, сè повеќе земји ќе бидат принудени да ги применат привремените гранични контроли", изјави Расмусен.
Додаде дека одлуката на Данска е одговор на сличната одлука на шведските власти која се однесува на сите патници кои влегуваат во земјата со воз, автобус или траект. Според новото шведско правило, патниците мора да покажат идентификациони документи за да се качат на аеродромот во Копенхаген кон Шведска, ако одат преку мост или тунел.
Данските власти не се задоволни со оваа одлука и сметаат дека Шведска треба да ги плати трошоците за контрола. Шведските власти одлучија да ги заострат мерките откако 160.000 луѓе аплицираа за азил во таа земја минатата година, што е најголем број на барања за азил во Европа, ако се стави настрана Германија. Повеќето од барателите се од Сирија, Ирак и Авганистан.