Saadet Gökce
11 Август 2026•Ажурирано: 11 Август 2026
Бројот на загинати на Филипини се искачи на 26 како последица на поплавите и одроните предизвикани од југозападниот монсун и тропските циклони „Луис“ и „Куџира“, пренесува Анадолу.
Филипинската национална полиција соопшти дека 19 лица загинале во свлечишта, четири лица се удавиле, едно лице загинало откако врз него паднало дрво, а две лица го загубиле животот во инцидент со струен удар, објави весникот „Филипин дејли инквајрер“.
Две лица и натаму се водат како исчезнати.
Повеќе од 69.000 лица моментално се сместени во 652 евакуациски центри низ погодените региони.
Националниот совет за намалување и управување со ризици од катастрофи претходно соопшти дека најмалку 2,27 милиони луѓе биле погодени од невремето.
Пријавена е штета на најмалку 684 куќи, од кои 45 се целосно уништени.
Вкупната вредност на штетата на инфраструктурата достигна 1,45 милијарди пезоси (23 милиони долари), а штетата во земјоделството се проценува на 135,33 милиони пезоси.