Mücahit Aydemir,Enes Canlı
23 Ноември 2022•Ажурирај: 24 Ноември 2022
КУДС (АА) - Според првичните сознанија, едно лице загина, додека најмалку 14 лица се повредени во две одделни експлозии кои се случија во Западен Кудс, за кои се сомнева дека се бомбашки напади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на израелската полиција, експлозиите се случиле во близина на две автобуски станици на различни места во Западен Кудс.
Се нагласува дека постои сомнение дека експлозиите се резултат на бомбашки напад.
Исто така, во соопштението се вели дека најмалку 11 лица се повредени како резултат на експлозијата која се случи во 7:05 часот по локално време на автобуската станица во местото Гиват Шаул на излезот од Западен Кудс.
Втората експлозија се случи во 7:35 часот по локално време на автобуска станица во местото Рамот на Западниот Брег, при што се повредени 3 лица.
Еден од повредените кои се пренесени во болница, починал, додека четворица се наоѓаат во тешка состојба.
Израелската полиција започна операција за откривање на осомничените.
Началникот на израелската полиција, Коби Шабтаи, изјави дека во Кудс со години не се случил ваков бомбашки напад.