Adam Abu-bashal
23 Ноември 2022•Ажурирај: 25 Ноември 2022
АБУЏА (АА) - Триесет и седум лица загинаа во сообраќајна несреќа во која учествуваа возило и два патнички автобуси во државата Борно во Нигерија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ротими Аделеј, координатор на Националната организација за безбедност на патиштата на североисточниот дел од земјата, информира дека возило и два патнички автобуси се судриле на Автопатот „Мајдугури - Даматуру“ во државата Борно.
Аделеј соопшти дека во несреќата загинале 37 лица, а има и голем број повредени.
Тој изјави дека некои од повредените се во тешка здравствена состојба и изрази загриженост од можноста за зголемување на бројот на загинати.
Како можна причина за сообраќајката ја наведе преголемата брзина.