Ekipa
31 Март 2020•Ажурирај: 31 Март 2020
АНБАР (АА) - Батериите за противракетна одбрана пресретнаа ракетен напад врз базата на американската војска во Аин ал Асад во западен Ирак, соопшти денеска извор од ирачката армија.
Ирачки офицер, кој сакаше да остане анонимен, за Агенција Анадолија (АА) изјави дека противракетната одбрана „Патриот“ пресретнала две ракети лансирани кон базата Аин ал Асад, западно од градот Ал Рамади.
Вчера Вашингтон распореди батерии за противракетна одбрана „Патриот“ во базите на американските трупи во Ирак, во Аин ал Асад и Харири во Ербил.
Неодамна американските трупи во Ирак беа под ракетни напади за кои Вашингтон ги обвинува милициите кои го поддржуваат Иран.
Официјален Багдад досега не се огласи во врска со последниот ракетен напад.
По убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани во Ирак, Парламентот на Ирак во јануари побара повлекување на сите странски трупи од земјата.