Vesna Besic
20 Април 2024•Ажурирај: 22 Април 2024
ГАЗА (АА) - Палестинското дете Сенед ал Араби е тешко повредено во еден од израелските напади во Газа, известува Анадолу.
Двегодишното дете се здобило со тешки повреди на рацете и лицето и се бори за живот. Семејството Ал Араби, кое поради израелските напади мигрирало од северот на Газа во бегалскиот камп Ан-Нусејрат, каде што се наоѓале нивните роднини, станало цел на израелски напад во кој животот го загубиле десет членови на семејството.
Палестинското дете изгубило дел од левата рака и е во опасност да ја изгуби и десната рака. Детето Сенед, кое има траги од конци на лицето, се бори да преживее од здобиените рани на своето ситно тело.
Емира ал Араби, тетка на ранетото дете од Газа, рече дека во нападот ги изгубила своите три деца.
Таа ја повика меѓународната заедница да преземе акција за Сенед, кој го преживеа нападот, за да се излечи и да може да продолжи со животот.