Hakan Çopur
22 Февруари 2019•Ажурирај: 23 Февруари 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Белата куќа соопшти дека по повлекувањето на САД од Сирија, околу 200 мировници уште некое време ќе останат во земјата за да го „заштитат мирот“, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, по краток период од телефонскиот разговор меѓу турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и претседателот на САД, Доналд Трамп, даде писмена изјава за процесот на повлекување на САД од Сирија.
„Мала група мировници, околу 200 војници, уште некое време ќе останат во Сирија“, се истакнува во писмената изјава на Сандерс.
Во однос не темата Сандерс не даде детални информации, но остави впечаток тоа дека писмената изјава е дадена веднаш по телефонскиот разговор на Ердоган и Трамп.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, во изјавата дадена во декември рече дека терористичката организација ДАЕШ во Сирија е целосно уништена и дека американските војници ќе се повлечат од земјата.