Hakan Çopur
22 Февруари 2019•Ажурирај: 23 Февруари 2019
ВАШИНГТОН (АА) – Светски познатиот теоретичар за меѓународни односи, Џон Миршајмер, истакнувајќи дека САД немаат никакви стратешки интереси во Сирија рече: „Јас ја одобрувам одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да се повлече од Сирија“, јавува Anadolu Agency (AA).
Миршајмер, учествуваше на панел-дискусијата организирана од страна на Вашингтонската канцеларија на Фондацијата за политички, економски и социјални истражувања, при што говореше за надворешната политика на САД и „крахот на либералната хегемонија“.
Миршајмер изјави дека во надворешната политика на претседателот на САД, Трамп, нема пристап на „либералната хегемонија“.
За крахот на либералната хегемонија, наведувајќи ги точките „Изборот на Трамп за претседател“, „Сериозниот пораст на Кина“, и „Повторната реорганизација на Русија и излегување на сцената“, Миршајмер истакна дека токму во овој процес Трамп победил на изборите и станал претседател.
„Трамп, различно од претходните претседатели не замислува либерална хегемонија доминирана од страна на САД“, оцени Миршајмер, додавајќи дека Трамп колку што е можно сака да ги напушти конфликтните региони.
- „Одлуката да се повлече од Сирија е правилна“
Истакнувајќи дека САД немаат никакви стратешки интереси во Сирија, Миршајмер нагласи: „Во овој контекст, сметам дека одлуката на Доналд Трамп да се повлече од Сирија е правилна. Да остави проблемот таму да го реши Русија, а не ние.“
Наведувајќи дека САД беа значен извор за решавање на проблемите во Сирија, Миршајмер рече дека сега по одредена точка земјите како што се Русија и Сирија можат да ги решат проблемите таму.
Тој, исто така, истакна дека првото вистинско соочување на САД ќе биде со Кина, а во тој контекст соочувањето во областа на Заливот ќе биде многу значајно, особено поради нафтените извори.
- „Соочувањето со Кина ќе биде одлучувачко“
Миршајмер, исто така, посочи дека во согласност со стратешкото значење за САД, сега распоредот е Источна Азија, Заливот и Европа, а соочувањето на САД со Кина ќе ја одреди светската политика за десетици години.
Додавајќи дека национализмот во денешниот свет е најмоќен одлучувачки фактор, Миршајмер рече дека како резултат на тоа силно чувство САД или другите големи сили не можат да влезат во која било земја како што посакуваат.