свет

Девет загинати во израелски напади врз гратчиња во јужен Либан

Министерство за здравство на Либан извести дека во последниот израелски воздушен напад врз областа Вади ал-Кфур во Набатие загинале девет цивили, меѓу кои една жена и нејзините две деца

Ikrame Imane Kouachi  | 17.08.2024 - Обновена : 17.08.2024
Девет загинати во израелски напади врз гратчиња во јужен Либан

АНКАРА (АА) - Најмалку девет Либанци загинаа, а пет други се повредени во израелски воздушни напади во текот на ноќта врз градови во јужниот дел на Либан, пренесува Анадолу.

Според Либанската национална новинска агенција, либанското Министерство за здравство денес извести дека во последниот израелски воздушен напад врз областа Вади ал-Кфур во Набатие загинале девет цивили, меѓу кои една жена и нејзините две деца.

Во нападот се повредени уште пет лица, од кои две се во критична состојба, стои во првичниот извештај на Министерството, додава Агенцијата.

Израелската војска ги потврди нападите, наведувајќи дека нејзините борбени авиони гаѓале неколку воени објекти поврзани со Хезболах во областите Ханин и Марун ал-Рас.

Таа, исто така, го наведе и нападот во подрачјето на Набатие, тврдејќи дека цел бил воен објект на Хезболах.

Засега нема коментар од групата Хезболах за извештаите.

Растат стравувањата од целосна војна меѓу Израел и Хезболах поради размената на прекугранични напади особено по атентатот на командантот на Хезболах, Фуад Шукр, на 30 јули во Бејрут.

Ескалацијата се случува во период на смртоносните израелски напади врз Газа, во кои од октомври досега се убиени над 40.000 Палестинци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın