Aliia Raimbekova
09 Мај 2018•Ажурирај: 09 Мај 2018
АСТАНА (АА) - Министерството за надворешни работи на Казахстан соопшти дека 9. средба за Сирија во Астана ќе се одржи на 14 и 15 мај, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение што го објави Министерството за надворешни работи на Казахстан се вели дека 9. средба за Сирија во Астана ќе се одржи на 14 и 15 мај, со учество на земјите-гаранти Турција, Русија и Иран, на која ќе присуствуваат и претставници на режимот и опозицијата.
Во соопштението се вели дека како набљудувачи на состанокот се поканети Соединетите Американски Држави (САД) и Јордан.
Покрај тоа, во соопштението се наведува дека на средбите ќе биде разгледана последната состојба во подрачјата за намалување на тензиите и ќе се разговара за преземање мерки за зголемување на безбедноста.
На 21 и 22 декември 2017 година се одржа 8. средба за Сирија во Астана, на која беше постигнат договор за ослободување на затворениците и расчистување на минските полиња.