Emre Aytekin
11 Јуни 2018•Ажурирај: 12 Јуни 2018
КАЛИФОРНИЈА (АА) - Во Калифорнија е пронајден офицер на Американските воздухопловни сили, кој дезертираше пред 35 години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за капетан на Американските воздухопловни сили, Вилијам Хауард Хјуз Јуниор, кој како исчезнато лице се води од јули 1983 година, а „Би-би-си“ (BBC) јавува дека е лишен од слобода во Калифорнија.
Хјуз во средата беше приведен за поседување фалсификуван пасош, а за време на сослушувањето во полициската станица, тој го призна неговиот вистински идентитет.
„Капетан Хјуз тврди дека во 1983 година бил во длабока депресија и дека тоа е причината поради која избегал од воздухопловните сили и оттогаш живее во Калифорнија под лажен идентитет како О'Бирн“, соопштија од Министерството за специјални истраги на Американските воздухопловни сили.
Поради фактот дека за време на воената служба бил во контакт со информации кои имале статус на државна тајна, Хјуз се водеше како еден од најбараните седум бегалци од Американските воздухопловни сили.
Сè уште не е познато со какви обвиненија ќе се соочи Хјуз, а од американските сили тој избега по враќањето од НАТО-мисијата во Холандија.