Elena Teslova
04 Ноември 2016•Ажурирај: 05 Ноември 2016
МОСКВА (АА) - По повод одбележувањето на Денот на националното единство, во Москва беше организиран „Маршот на единството“, на кој присуствуваа околу 80.000 луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Рускиот претседател Владимир Путин на Црвениот плоштад положи венец на споменикот на на борците кои беа во првите редови на востанието во 1612 година
Путин ја посети и изложбата „Православна Русија“ и разговараше со верските лидери. Празникот „Ден на националното единство“ беше воведен во Русија во 2005 година и се слави секоја година на 4 ноември.
Денот на националното единство се слави во чест на настаните од 1612 година, кога бунтовниците ја ослободија Москва од странските освојувачи и покажаа единство и слога на целата нација, без оглед на потеклото, религијата и социјалниот статус во општеството.