Cüneyt Karadağ
02 Април 2019•Ажурирај: 03 Април 2019
БЕРЛИН (АА) - Бројот на луѓе кои пријавиле дискриминација во Германија, од 2015 година до крајот на 2018 година се зголемил за 70 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).
Вршителот на должноста раководител на Одделот за борба против дискриминација, Бернард Франке, на прес-конференцијата одржана во Берлин, рече дека во 2018 година вкупно 3.455 лица се пријавиле дека биле дискриминирани во однос на потеклото, полот, религијата, како и тоа дека биле подложени и на разни други видови дискриминација.
Франке, потсетувајќи дека работат во рамките на Законот за еднаков генерален третман (AGG) од 2006 година, изјави дека пријавите до кај нив биле поднесени од лица кои биле дискриминирани или пак што се чувствувале дека се дискриминирани. Тој, исто така изјави дека не е можно да се дадат конечни бројки поради оние што не се пријавиле дискриминација.
Нагласено е дека во Агенцијата за борба против дискриминацијата, во 2015 година доставени се 2.035 пријави, во 2016 година 2.625, во 2017-та 2.995, додека во 2018 година 3.455 пријави од лица дека биле подложени на дискриминација. Бројката од минатата година, во споредба со 2015 година е зголемена за 70 отсто.
Франке истакна дека 31 отсто од пријавите се однесувале на дискриминација врз етничка припадност и расизам, 29 отсто врз основа на полова припадност, 14 проценти биле дискриминирани поради годините, додека 7 проценти од лицата биле подложени на дискриминација поради верското убедување.
Тој, исто така, сподели дека минатата година 79 случаи на дискриминација биле изведени пред суд.
„Играчот на Националниот тим на Германија од турско потекло, Месут Озил, се соочува со расизам и презир“, истакна Франке, додавајќи дека откако Озил ја напуштил репрезентацијата на Германија, на социјалните медиуми, имигрантите во земјата започнале споделувања со хаштагот „#MeToo“.