?????
03 Јануари 2016•Ажурирај: 03 Јануари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Претедентот за републикански кандидат на претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп, на претседателскиот собир во градот Билокси во Мисисипи го обвини американскиот претседател Обама и својата опонентка од редот на демократите Хилари Клинтон, дека се одговорни за подемот на терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп во досегашната предизборна трка за републикански претседателски кандидат во низа наврати предизвика остри реакции на американската и светската јавност со својата расистичка, исламофобна и радикална реторика, а синоќа од Мисисипи порача дека администрацијата на Обама морала да ги послуша неговите совети од претходните години за присвојување на изворите на нафта, а не нивно препуштање на ДАЕШ.
"Мора да признаете дека предвидев многу нешта. Три години говорев земете, присвојте, задржете ја нафтата. Зарем не? Сите велеа дека не можат, бидејќи тоа е суверена држава. Нема тука никаква држава. Тие ги создадоа ДАЕШ. Хилари Клинтон е креатор на ДАЕШ, заедно со Обама", тврди Трамп
Осврнувајќи се и на вчерашното погубување на 47 лица осомничени за тероризам во Саудиска Арабија, вклучувајќи го и тамошниот шиитски лидер Нимр ал-Нимр, Трамп рече дека радикалната реакција на Иран и Иранците се само показател дека сакаат да превземат контрола во целиот тој регион.
"Видовте ли како во Техеран веднаш ја запалија Саудиската амбасада. Тоа покажува дека Иран сака да ја преземе Саудиска Арабија. Отсекогаш тоа го сакале, сакаа нафта", рече Трамп.