Halit Süleyman
03 Јануари 2016•Ажурирај: 06 Јануари 2016
ДАМАСК (АА) - Драмата со војната која ја зафати Сирија и понатаму продолжува. Војната која влегува во својата петта година главно ги погодува жителите кои живеат во населби кои се под опсада од страна на вооружените сили, а со доаѓањето на зимата, нивното страдање се зголемува уште повеќе, јавува Anadolu Agency (АА).
Во областа на Мадајa, северозападно од сирискиот град Дамаск, се одвива вистинска хуманитарна драма. Тоа е град кој со месеци беше под опсада од страна на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад и милитантите на Хезболах. Според информациите добиени од страна на новинарот на АА, жителите во Мадај се во многу лоша состојба. Две лица умреа од глад, а околу 150 лица се хоспитализирани од екстремен студ.
Голем број жители поради зимата се сместени во импровизирани стационари. Член на локалниот комитет за координација во областа Самир Татин истакна дека од почетокот на опсадата околу 70 луѓе во областа умреа од глад, и дека најмалку 50 лица се примени во болница поради неухранетост.
Татин ја нагласува итната потреба од испраќање хуманитарна помош за регионот а меѓународната заедница ја повика да изврши поголем притисок врз режимот на Асад да стави крај на 193-дневната опсада, а на населението на градот му се овозможи основното право на живот.
"Во Мадајa има околу 40.000 луѓе. Мадајa е 193 дена под окупациските сили и полицијата на Хезболах. Тие не дозволуваат помошта да пристигне во оваа област. Тука животот е многу скап. Луѓето преживуваат од вода и тревата што ја собираат. Нема струја, а се загреваат со палење на дрвените делови на срушените куќи ", рече Татин.
Според него, еден жител за пет литри млеко и седум килограми ориз се обиде да го продаде автомобилот, но починал од глад пред да најде купувач.