Mehmet Özay
30 Септември 2016•Ажурирај: 30 Септември 2016
ЏАКАРТА (АА) - Филипинскиот претседател Родриго Дутерте, за 3-те милиони наркозависници изјави дека би бил среќен убивајќи ги. Дутерте за пристапот во борбата против тровијата и користењето на дрога, е споредуван со Адолф Хитлер и со извршениот геноцид над Евреите од страна на нацистичка Германија во Втората светска војна, јавува Anadolu Agency (AA).
По враќањето од официјалната посета на Виетнам, Дутерте даде изјава за медиумите, во која вели дека еден од најголемите општествени проблеми на Филипините се наркобандите и зависниците од дрога.
На оние што ја критикуваат неговата борба со дрогата и го нарекуваат „братучед на Хитлер“, Дуерте им се обрати со зборовите: „Хитлер уби 3 милиони Евреи. Филипините имаат 3 милиони зависници од дрога. Јас ќе бидам среќен убивајќи ги. Луѓето што Хитлер ги уби беа невини жртви. Оние кон кои јас целам се криминалци. Ослободувајќи се од нив, во мојата земја ќе му ставиме крај на проблемот со дрогата и ќе ги спасиме следните генерации од овој проблем“.
Дутерте ги критикува европските земји за дволичност, обвинувајќи ги дека овие земји не вложуваат доволно напори за да им помогнат на бегалците од Средниот Исток, кои поради насилствата ги напуштиле своите домови.
Тој изјави: „Има илјадници лица кои бегаат од Средниот Исток. Не помагајќи им на овие луѓе, причина сте за нивното гниење. Потоа ни се обраќате нам и велите дека сте загрижени за смртта на 2 до 3 илјади лица“.
Откако Дутерте беше прогласен за претседател на Филипините, добива голем број критики за начинот на неговата борба против наркобандите и зависниците од дрога, како од земјата, така и од странство. Од почетокот на неговото претседавање со Филипините, досега, безбедносните сили на Филипините убија повеќе од 3 илјади осомничени. Обединетите нации и САД упатија повик до Дуерте да престане со убиствата и да се придржува до меѓународните закони за човекови права. За време на Самитот на Асоцијацијата на југоисточни азиски нации (АСЕАН), кој се одржа на Лаос, Дутерте планирал да се сретне со претседателот на САД, Барак Обама. Пред средбата, Дутерте од еден новинар беше запрашан каков ќе биде неговиот одговор доколку за време на средбата биде критикуван за неговиот пристап во борбата против дрогата. Дутерте користејќи навредливи зборови, упати критики кон САД и Обама, изјавувајќи дека освен него, никој нема право да ги критикува и да бара сметка за начинот на кој ја водат борбата против дрогата. По оваа изјава, средбата беше откажана, на што Дутерте рече дека му е жал за откажаната средба, но не се извини.