Ekipa
16 Август 2016•Ажурирај: 17 Август 2016
БЕРЛИН (АА) - Европската агенција за воздухопловна безбедност предлага построги медицински прегледи за пилотите, вклучувајќи и подетална процена на менталното здравје, како одговор на минатогодишната несреќа на авионот на „Германвинс“, јавува Anadolu Agency (AA).
Пилотот Андреас Лубиц во март 2015 година се заклучи сам во пилотската кабина, а потоа го урна авионот во планините. Сите 150 патници на летот загинаа.
Лубиц претходно страдал од депресија, но властите и неговата авиокомпанија го сметале за способен за летање. Не знаеле дека тој повторно имал проблеми со менталното здравје.
Воздухопловната агенција денес препорача да се зајакнат почетните и дополнителните медицински прегледи за пилотите, вклучувајќи и проверка дали консумираат дрога или алкохол, опширна процена на менталното здравје, како и да се подобри следењето на медицинската историја на психијатриските случаи.
Препораките ќе бидат проследени до Европската комисија, која до крајот на годината ќе изгради предлог на правила.