Ekipa
17 Јуни 2016•Ажурирај: 19 Јуни 2016
АТИНА (АА) - Европскиот механизам за стабилност на еврозоната одобри исплата од 7,5 милиони евра на фондовите за помош на Грција, додека остатокот од вкупната помош од 10,2 милијарди евра, ќе биде одобрен во наредните неколку месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
Европскиот механизам за стабилност денес наведе дека ја одобрил исплатата откако Владата на Грција ги спроведе неопходните реформи, и дека земјата ќе користи средства за сервисирање на долгот и да помогне во чистење на домашните долгови.
Грција ќе има право на преостанатите 2,8 милиони евра откак ќе ги спроведе преостанатите реформи одобрени од кредиторите.
Ова за Грција е трет пакет на помош. Земјата во 2010 година доживеа економски колапс, по неколку години на лошо управување и претерана потрошувачка, од кое зависат меѓународните заеми.