Mustafa Deveci
07 Ноември 2018•Ажурирај: 07 Ноември 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) – Еврејските доселеници во селото Уриф, во областа на градот Наблус на окупираниот Западен Брег, нападнаа училиште во кое се школуваат палестински ученици, јавува Anadolu Agency (AA).
Ајед ел Кат, директорот на нападнатото училиште во Уриф, за АА изјави дека голем број еврејски доселеници со камења го нападнале училиштето.
Директорот на училиштето истакна дека по нападот од страна на еврејските доселеници, дошло до тепачка меѓу Палестинци од околината и еврејските доселеници.
Директорот Кат, исто така изјави дека по тепачката, на самото место пристигнале израелски војници со цел да ги заштитат еврејските доселеници, фрлале гасни бомби и пукале со пластични куршуми врз Палестинците.
Според сооштението на палестинската Црвена полумесечина, ранети се најмалку тројца Палестинци, од кои еден од вистински, а другите двајца од пластични куршуми.
Се наведува дека на Западниот Брег, кој Израел го окупира во 1967 година, изградени се близу 250 нелегални еврејски населби, во кои живеат околу 500.000 еврејски доселеници.
Според меѓународното право, сите еврејски населби во овие региони се сметаат за незаконски.