Zeynep Hilal Karyağdı
01 Јануари 2021•Ажурирај: 02 Јануари 2021
РАМАЛА (АА) - Еврејски доселеници нападнаа куќа на палестинско семејство на окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информации од локални извори, доселениците ја нападнале куќата на Палестинецот Мутез ал Касрави со камења во местото Хуваре во градот Наблус на Западниот Брег.
Се истакнува дека во нападот нема повредени, додека прозорците на куќата се скршени, а вратата е оштетена.
Палестинците кои живеат на окупираниот Западен Брег често се напаѓани од еврејски доселеници.
По окупацијата од 1967 година, Израел на подрачјето на палестинскиот Западен Брег изгради повеќе од 250 илегални населби во кои моментално живеат повеќе од 400.000 еврејски доселеници.
Новоизградените еврејски населби според меѓународното право имаат статус на илегални населби, што го потврдуваат и низа резолуции на Обединетите нации (ОН).