свет

ЕВРО 2024: Во борбата за шампион на континентот останаа само осум селекции

- Со синоќешната победа на Туркије над Австрија (2:1) беа комплетирани сите натпревари од осминафиналето на ЕВРО 2024

Süha Gür  | 03.07.2024 - Обновена : 04.07.2024
ЕВРО 2024: Во борбата за шампион на континентот останаа само осум селекции

ДИСЕЛДОРФ (АА) 

Европското фудбалско првенство во Германија влегува во завршницата во која за титулата континентален шампион ќе се борат осум селекции: Шпанија, Германија, Португалија, Франција, Туркије, Холандија, Англија и Швајцарија, јавува Анадолу.

Со синоќешната победа на Туркије над Австрија (2:1) беа комплетирани сите натпревари од осминафиналето на ЕВРО 2024, а на останатите натпревари постигнати се следниве резултати:

Швајцарија - Италија 2:0,
Германија - Данска 2:0,
Англија - Словачка 2:1,
Шпанија - Грузија 4:1,
Франција - Белгија 1:0,
Португалија - Словенија 0:0 (на пенали 3:0),
Романија - Холандија 0:3,
Австрија - Туркије 1:2.

Четвртфиналните натпревари се закажани за 5 и 6 јули со почеток од 18 и 21 часот.


Во четвртфиналето на ЕВРО 2024 ќе играат:

Шпанија - Германија
- 5 јули, 18 часот, Арена Штутгарт

Португалија - Франција
- 5 јули, 21 часот, Фолкспарк Хамбург

Англија - Швајцарија
- 6 јули, 18 часот, Диселдорф арена

Холандија - Туркије
- 6 јули, 21 часот, Олимписки стадион Берлин


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın