свет

Египет: Затворска казна за поранешниот претседател на Канцеларијата за ревизија

Џенини беше уапсен во февруари оваа година, два дена по изјавата дека има документи што наведуваат дека високи државни функционери биле вклучени во нелегални активности

Mahmoud Barakat  | 24.04.2018 - Обновена : 25.04.2018
Египет: Затворска казна за поранешниот претседател на Канцеларијата за ревизија

Kairo

КАИРО (АА) - Воениот суд во Египет во вторникот му изрече затворска казна на Хишам Џенини, поранешниот претседател на египетскиот Завод за ревизија, за наводно ширење лажни информации за војската на Египет, јавува Anadolu Agency (AA).

„Воениот суд го осуди Џенини на пет години затвор за ширење лажни вести за Армијата“, изјави за Anadolu Agency (AA) неговиот адвокат Али Таха.

Денешната пресуда не е конечна и за неа може да се поднесе жалба.

Џенини беше уапсен во февруари оваа година, два дена по изјавата дека има документи што наведуваат дека високи државни функционери биле вклучени во нелегални активности.

Во периодот од 2012 до 2016 година, тој беше претседател на египетската Централна ревизорска организација (ЦАО), која ја следи работата на институциите и ги проверува јавните трошоци.

Претседателот на Египет, Абдел Фатах ал Сиси, во почетокот на 2016 година го разреши Џенини по обвинувањата дека корупцијата од 2012 до 2015 година го чинеше Египет до 75 милијарди американски долари.

Ал-Сиси нареди формирање на комисија за утврдување на фактите, која го обвини Џенини за фалсификување на информации и искривување на фактите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın