Muhammed Semiz
14 Април 2021•Ажурирај: 15 Април 2021
ИСТАНБУЛ
Дваесет лица загинаа во сообраќајната несреќа што се случи во подрачјето на Асјут, кое се наоѓа во јужниот дел на Египет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку писмено соопштение ја потврди Министерството за здравство на Египет.
Се истакнува дека автобус и камион се судриле на пустинскиот пат во источниот дел на Асјут, и дека на местото на настанот се упатени 36 амбулантни возила.
Според соопштеното, во несреќата загинале 20, а повредени се 3 лица.
Се вели дека загинатите и повредените се пренесени во болница.
Египетските медиуми соопштија дека обвинителството започнало истрага во врска со несреќата.