Şeyma Uzundere
09 Јули 2021•Ажурирај: 12 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Меѓународната организација за помош „Оксфам“, со седиште во Лондон, соопшти дека 11 луѓе умираат од глад на секоја минута низ целиот свет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот на „Оксфам“, наречен „Вирусот на глад се зголемува“, се објавени податоци за глобалната состојба на глад.
Во извештајот се наведува дека 11 луѓе умираат од глад на секоја минута низ целиот свет и дека смртните случаи од глад ги надмина смртните случаи од епидемијата на Ковид-19, која предизвикува 7 смртни случаи во една минута.
Исто така, се нагласува дека климатската криза и епидемијата на Ковид-19 предизвикале 40-процентно зголемување на глобалните цени на храната, и дека тоа ги турка луѓето до границата на глад.
Меѓу другото, во извештајот се нагласува дека воените расходи од глобален обем се зголемени за 51 милион долари од почетокот на епидемијата. И се додава дека оваа бројка е најмалку шестпати поголема од износот што им е потребен на Обединетите нации (ОН) во борба против гладот.
Наведено е дека приближно 100 милиони луѓе кои живеат во зони на конфликти се изложени на ризик од глад.
Забележувајќи дека напорите на ОН за спречување на глад треба да бидат финансирани веднаш и целосно, во извештајот се повикуваат владите „да соработуваат за доставување хуманитарна помош на оние кои имаат потреба во зоните на конфликтот“.
- Гладот се користи како „оружје за војување“ -
Аби Максмен, претседателот и извршен директор на „Оксфам Америка“, осврнувајќи се на извештајот, рече: „Статистиката е шокантна, но мора да запомниме дека овие статистички податоци се однесуваат на луѓе кои се соочуваат со неверојатни болки.“
Максмен исто така посочи дека во земјите со конфликти како што се Етиопија, Јужен Судан, Сирија и Јемен, хуманитарната помош е спречена да стигне до цивилите, а гладот се користи како „оружје за војување“.
Тој исто така додаде дека не е можно луѓето чиишто пазари се бомбардирани, чии посеви и животни се уништени, да живеат безбедно.