Ahmet Furkan Mercan
09 Јули 2021•Ажурирај: 09 Јули 2021
ТОКИО
Јапонскиот премиер Јошихиде Суга вети дека Олимписките игри во Токио, кои ќе се организираат без гледачи поради Ковид-19, ќе бидат „безбедни и здрави“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Премиерот Суга, на прес-конференцијата што ја одржа, го оцени меѓународниот турнир за кој синоќа беше соопштено дека нема да има ниту домашна публика.
„Одговорност на Владата е да ги организира игрите безбедно. Ние ќе вложиме максимални напори за ја осигураме безбедноста на турнирот, вклучително и граничните контроли.“
На прес-конференцијата што ја одржа вчера, Суга соопшти дека ќе се воведе вонредна состојба во главниот град Токио од 12 јули до 22 август поради трендот на зголемување на случаите на Ковид-19.
По соопштението, организаторите на турнирот - Организациониот комитет, Гувернерството на Токио, јапонската Влада и претставниците на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) - се собраа на заеднички состанок.
По состанокот, министерот за Олимписките игри, Марукава Тамајо, истакна дека на Игрите во Токио поради епидемијата на Ковид-19 нема да има ниту домашни гледачи. Претходно, комитетот на 20 март соопшти дека на турнирот нема да има гледачи од странство.
Во Јапонија, бројот на случаи на Ковид-19 се зголеми на 814.533, а бројот на смртни случаи, на 14.933. Во Токио, бројот на лица кај кои е детектиран коронавирусот се зголеми на 179.252.
Олимписки игри во Токио кои требаше да се одржат од 24 јули до 9 август 2020 година беа одложени поради пандемијата на коронавирусот и терминот на одржување на игрите е презакажан за периодот од 23 јули до 8 август 2021 година.