Mehmet Nuri Uçar
18 Јуни 2017•Ажурирај: 19 Јуни 2017
САНА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека во епидемијата на колера во Јемен, досега животот го загубиле 1.054 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
На социјалната мрежа Твитер од Светската здравствена организација беше објавено дека од 27 април животот го загубиле 1.054 лица, во 20 покраини ширум земјата.
Исто така, во објавата се наведува дека биле регистрирани над 151.000 сомнителни случаеви во земјата.
Три милиони луѓе во Јемен, раселени поради конфликтите коишто траат веќе две години, како резултат на немањето пристап до чиста вода и несобирањето на отпадот, секој ден се изложени на висок ризик да заболат од колера.