Ekipa
18 Јуни 2017•Ажурирај: 19 Јуни 2017
ЛИСАБОН (АА) - Владата на Португалија прогласи тридневна национална жалост поради шумскиот пожар кој избувна вчера во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Според последните податоци на Министерството за внатрешни работи на Португалија, во пожарот загинаа најмалку 62 лица, а беа повредени 59 лица.
Повеќе од 600 пожарникари се борат со огнената стихија која вчера го зафати шумскиот појас во централниот дел на Португалија. Повеќето од жртвите се од најтешко погодениот регион Педрого Гранде.
Државната телевизија РТП објави дека меѓу повредените има и неколку пожарникари и малолетници.
Истрагата за причините за пожарот е во тек. Помош на Португалија ѝ понудија институциите на Европската Унија и земјите-членки Шпанија и Франција.
За време на редовната неделна миса, папата Френциско заедно со илјадниците верници на плоштадот Св. Петар во Ватикан се помоли за загинатите и за запирање на огнената стихија во Портогалија, која папата ја посети минатиот месец.
И фудбалската репрезентација на Портгалија, која учествува на Купот на конфедерации на ФИФА во Русија, им одаде почит настраданите во пожарот.