ЛУИСВИЛ (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, изјави дека во моментов, за време на светиот месец Рамазан, на местата каде што живеат муслимани, особено во Сирија и Ирак, сѐ она што може да се забележи е далеку од единство, заедништво и братство, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Турција Ердоган, кој по повод погребот на легендарниот светски боксер Мухамед Али, ја посети САД, учествуваше на ифтарот кој го подготви центарот на Ахиските Турци во Кентаки.
Претседателот Ердоган во говорот кој го имаше за време на програмата на ифтарот, потсети дека причина за неговата посета на САД е смртта на боксерската легенда Мухамед Али, еден од најважните спортисти, кој остави свој печат во историјата на спортот.
„За нашата генерација, Мухамед Али, беше спортист со карактер со кој се истакнуваше над останатите. Покрај неговиот успех во рингот, на нас влијаеше и нговиот животн став", рече Ердоган.
Сеќавајќи се дека ги гледал боксерските натпревари на Мухамед Али, кои во Турција биле пренесувани во термини по полноќ, Ердгоан изјави:
„Ни го привлече вниманието како човек кој на 22-годишна возраст, во САД, ја прифати муслиманската вера, и покрај сите бариери кои беа постевени пред него, без да застрани, исправен, без да го наруши својот став, го продолжи својот пат. Неговите успеси вo рингот беа гласот на муслиманите во светот кои беа жртви и обесправувани."
Претседатлот Ердоган потсети дека легендарниот боксер Мухамед Али беше казнет 5 години да не боксува, му беа одземени сите титули и парична казна од 10.000 долари, бидејќи не сакал да учествува во виетнамската војна. Иако отстранување надвор од спортот за Мухамед Али претсавуваше еден различен прогон, откако се врати во рингот тој ги врати назад сите одземени титули.
- Препорака за солидарност
Во говорот кој Претседателот на Турција Ердоган го одржа на ифтарската средба запраша кои се придобивките од овие вакви заеднички средби. Тоја нагласи дека е среќен што САД, во земја во која муслиманите се малцинство, за време на Рамазан, можат да се соберат на заедничка маса за ифтар. Тој им препорача меѓусебно советување, соработка и споделување и истакна дека е среќен што тоа може да го забележи за време на заедничкиот ифтар.
Ердоган ги спомна и проблемите на муслиманите во светот.
„За жал, во моментов, за време на светиот месец Рамазан, на местата каде што живеат муслимани, особено во Сирија и Ирак, сѐ она што може да се забележи е далеку од единство, заедништво и братство. Пред нас имаме една искривена слика. Убиени муслимани и убици кои велат ‘да, и јас су муслиман’. Мртвите умираат велејќи ‘Господ е најголем’, убицата убива изикувајќи ‘Господ е најголем’ . Денеска некои се обидуваат користејќи го муслиманскиот концепт, да ги спроведат своите задни намери во создавање на слика против исламот", рече Ероган, претседателот на Турција.
- „ Во Сирија имаме државен терор"
За граѓанската војна во Сирија, претседателот Едроган рече: „Во Сирија имаме државен терор. На врвот имаме еден убиец. За жал уби 600.000 лица. Дванаесет милиони луѓе ги напуштија своите домови и својата држава. Само три милиони луѓе во моментов се наши гости. Ние не сме како земјите од Европската Унија, како западните земји кои велат ‘кај нас нека дојдат волку бегалци, нека не доаѓаат во толкав број’, и се договараат. Нашите врати се отворени за сите оние кои бегаат од барелни бомби, од хемиски бомби, независно кои се, од каде потекнуваат и ќе продолжиме да ги чуваме вратите отворени за секого."
Ердоган рече дека Ахиски Турците во Украина се соочуваат со смрттна закана и додаде: „Затоа ние ги згриживме нашите браќа, дел во Ерзинџан Узумлу и дел во Битлис Ахлат. Околу 330 семејства се згрижени. И останатите кои ќе дојдат, ќе бидат згрижени, бидејќи ние нема да ги оставиме да бидат бомбардирани. Исто како што не можевме да ги оставиме и нашите браќа од Сирија и Ирак.“
Тој истакна дека ќе продолжи на Ахиските Турци да им се дава секој вид потребна помош.
„Во моментов имаме згрижено околу 300 Ахиска Турци. Точно е дека тие, каде и да живеат, во која и да е средина, продолжуваат да бидат вредни и продуктивни“, истакна Ероган.
Дел од слушателите на говорот на Ердоган ја споменаа Газа, на што Претседателот Ердоган одговори: „За нас од самиот почеток, она што е Палестина, истото важи и за Газа. Тоа важи и за Тунис и Јемен, каде ќе продолжиме со нашата поддршка.“
На Ифтарот кој беше организаран од страна на центарот на Ахиските Турци во Кентаки, покрај Претседателот на Турција и неговата делегација, присуствуваа и голем број на претставници на муслиманските заедници во САД.