Mehmet Tosun
29 Септември 2021•Ажурирај: 29 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, отпатува за Сочи, каде што ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган со претседателскиот авион отпатува за рускиот град од аеродромот „Есенбога“ во Анкара.
Турскиот претседател е придружуван од шефот на турската национална разузнавачка служба МИТ, Хакан Фидан, шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.
Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин ќе се состанат во Претседателската палата во овој руски град.