Seyit Ahmet Aytaç
25 Септември 2018•Ажурирај: 25 Септември 2018
ЊУЈОРК (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на маргините на заседавањето на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) се состана со лидерите на Јапонија, Иран и Белгија, јавува Anadolu Agency (AA).
Лидерите на членките на Обединетите нации се собраа во Њујорк за да учествуваат на 73. редовно заседавање на Генералното собрание, на кое ќе се обрати и турскиот претседател Ердоган.
Ден во пресрет на обраќањето во Генералното собрание, Ердоган во седиштето на ОН се состана со иранскиот претседател, Хасан Рохани, а потоа и со премиерите на Јапонија и на Белгија, Шинзо Абе и Шарл Мишел.


Претходно, турскиот претседател, Ердоган, се состана и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Тема на овогодишното заседавање на Генералното собрание е „Направете ги ОН релевантни за сите луѓе: Глобално водство и заедничка одговорност за мирно, праведно и одржливо општество“.
По завршувањето на заседавањето на Генералното собрание, турскиот претседател Ердоган утре ќе отпатува во официјална посета на Берлин.