Yusuf Özcan
16 Април 2019•Ажурирај: 17 Април 2019
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека длабоко се потресени од пожарот кој избувна во катедралата „Нотр Дам“, која се наоѓа во францускиот главен град Париз, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ердоган на социјалните мрежи објави порака на француски јазик во врска со пожарот кој вчера избувна во катедралата „Нотр дам“.
„Длабоко сме потресени од ужасниот пожар кој нанесе штета во катедралата „Нотр Дам“, која е еден од симболите на Париз и која претставува заедничко наследство на човештвото", напиша Ердоган.
Во негово име и во име на турскиот народ, до францускиот народ упати желби за надминување на состојбата.