İlayda Çakırtekin, Merve Berker
07 Август 2026•Ажурирано: 07 Август 2026
ИСТАНБУЛ/АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес замина во еднодневна работна посета на Саудиска Арабија, јавува Анадолу.
Во рамките на посетата Ердоган се очекува да се сретне со саудискиот престолонаследник и премиер Мохамед бин Салман, како и со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.
Доцна синоќа директорот за комуникации на турското Претседателство, Бурханетин Дуран, ја најави посетата на Ердоган преку објава на турската социјална мрeжа NSocial.
Засега не се соопштени дополнителни детали за дневниот ред на средбите.