Sibel Kurtoğlu
22 Јули 2017•Ажурирај: 22 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со францускиот претседател, Емануел Макрон, јавува Anadolu Agency (AA)
Според информациите од претседателските извори, во телефонкиот разговор меѓу дввајцата лидери се разговарало претежно за прашањата во регионот, како и билатералните односи.
Двајцата лидери изразиле загриженост за тензиите и жртвите предизвикани од ограничувањата врз Палестинците во џамијата Ал Акса во Ерусалим. Турскиот и францускиот претседател се согласиле дека е потребно да се вложи заеднички напор за решавање на пробемот и смирување на состојбата.
Исто така Ердоган и Макрон во разговорот истакнале дека е потребно што поскоро да се направат чекори за ставање кај на тензиите, како и размениле мислења во врска со последните случувања во Сирија и Либија.
Двајцата лидери се осврнале и на тензиите во Заливот.
Разговарале и за посетата на Ердоган во Саудиска Арабија, Кувајт и Катар, а меѓудрогото разговарале и за важноста на решавање на проблемост преку дијалог и преговори.