Adham Kako
22 Јули 2017•Ажурирај: 24 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Во изминатите осум месеци во сирискиот град Рака, кој е контролиран од страна на терористичката организација ДЕАШ, загинаа најмалку 1.400 цивили, соопшти Мрежата за човекови права во Сирија (SNHR), јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу загинатите се наоѓаат и 308 деца и 203 жени. СНХР објави извештај кој го опфаќа периодот од ноември минатата година до јуни оваа година, а се однесува на нападите кои се извршени со цел борба против терористичката организација ПКК / ПЈД и ДЕАШ.
Според извештајот, голем број на цивили загинаа во неразмерни и случајни напади од страна на коалициските сили ПКК / ПЈД.
СНХР наведува дека во нападот на коалициските сили во областа Рака загинаа најмалку 731 цивили, меѓу кои и 210 деца и 139 жени.
Исто така во нападите на Сириските демократски сили (СДГ), кои се параван на терористичката група ПКК/ПЈД, загинаа најмалку 164 цивили, вклучувајќи 31 деца и исто толку жени.
СНХР тврди дека коалициските сили и СДГ во нападите не прават разлика помеѓу цивили и борци.
Мрежата за човекови права во Сирија, истакнува дека членовите на терористичката организација ДЕАШ, кои го одржат центарот на градот, беа причина за смртта на најмалку 505 цивили, а од нив 67 деца. Станува збор за убиството со лесно оружје и мини кои беа поставени во сите делови на градот.
Тврди дека ДЕАШ цивилите во Рака уште ги користи како човечки штит. Тие нагласуваат дека ДЕАШ и ПКК / ПЈД држат 504 цивили, меѓу кои и пет деца и пет жени.
Наведоа дека е потребно да се прекине со оружената поддршка на СДГ.