Hamdi Çelikbaş
22 Февруари 2019•Ажурирај: 23 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од претседателски извори, Ердоган и Трамп разговарале за последните случувања во Сирија и укажале на важноста на поддржување на политичкиот процес.
Двајцата претседатели исто така ја потврдиле заедничката решителност за борба против секој вид тероризам.
За време на разговорот, Ердоган повторно потврди желбата на Турција за продолжување на блиските односи со својот стратешки партнер.
Двајцата лидери се согласија одлуката на САД за повлекување од Сирија да се спроведе во согласност со заедничките интереси, без да им се нанесе штета на заедничките цели.
Ердоган и Трамп се согласија повеќе да се развијат економските односи, како и за постигнување на трговската цел од 75 милијарди долари.