Faruk Zorlu
11 Јуни 2021•Ажурирај: 11 Јуни 2021
АНКАРА
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција и Франција ќе имаат можност да дискутираат за сите аспекти на билатералните односи на Самитот на НАТО во Брисел на 14 јуни, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган за новинарите изјави дека за време на состанокот со францускиот претседател Емануел Макрон на Самитот на НАТО, тие „ќе имаат можност да разговараат за позитивните и негативните аспекти на односите меѓу Турција и Франција“.
„Турција е моќна земја сместена меѓу првите пет земји од НАТО“, додаде Ердоган.
Осврнувајќи се на претстојната посета на Азербејџан по Самитот на НАТО, тој рече дека ќе го посети Азербејџан за да потпише сеопфатен договор во Шуша, главниот град на културата во земјата.
Според НАТО, Самитот се одржува со цел да се одговори на денешните предизвици и предизвиците на утрешнината. Во нив спаѓаат тероризмот, сајбернападите, дисруптивните технологии и безбедносните импликации од климатските промени. Иницијативата „НАТО 2030“ за продолжување на адаптацијата на Алијансата е во срцето на Самитот.
Иницијативата „НАТО 2030“ ќе биде во центарот на дневниот ред на Самитот.