Safvan Allahverdi
05 Март 2020•Ажурирај: 06 Март 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео, во однос на состојбите во Илдиб рече дека Турција има право да се брани и дека ги разгледуваат опциите за поддршка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Помпео на прес-конференцијата што се одржа во зградата на Министерството, се осврна на случувањата во Идлиб.
Истакнувајќи дека нападите на Русија, режимот на Асад и на Иран наштетија на стотици илјади цивили, Помпео рече дека Русија треба да се врати на Договорот со Турција од Сочи во 2018 година и да обезбеди прекин на огнот.
Помпео потсети дека постојаната претставничка на Соединетите Американски Држави во Обединетите нации (ОН), Кели Крафт, и американскиот специјален претставник за Сирија, Џејмс Џефри, во Турција разговарале на таа тема, и нагласи:
„Амбасадорите Крафт и Џефри моментално работат на тоа како да ги соединат американските и европските извори за да се намали хуманитарната криза во Илдиб.“
Помпео, исто така, рече дека имало некои барања на Турција до САД.
„Турската Влада имаше некои барања од нас. Моментално ги оценуваме тие барања. Заедно со екипите на Министерството за одбрана ги бараме начините за намалување на насилствата во регионот и намалување на хуманитарната криза. Исто така, веруваме дека нашиот НАТО-партнер, Турција, има право да се брани од ризиците во Сирија создадени од Русија и Иран.“