Ruslan Rehimov
08 Август 2022•Ажурирај: 09 Август 2022
БАКУ (АА) - Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека во последните 24 часа вооружени единици на Ерменија десетпати отвориле оган врз позициите на азербејџанската армија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека позициите на границата во регионот Келбеџар и Лачин биле шестпати под оган од ерменските позиции кои се наоѓаат во регионите Басаргечер, Каракилисе и Горус.
Се нагласува дека илегалните ерменски вооружени групи лоцирани на територијата на Азербејџан, каде што се привремено распоредени руски елементи, четирипати отвориле оган со снајперско оружје и различен калибар во одредени интервали кон позициите на азербејџанската армија во регионите Келбеџар, Горанбој и Фузули.
Се потенцира дека нема загуба на персонал и опрема во азербејџанската армија. Исто така, се наведува дека е возвратено на отворениот оган.
Меѓу другото во соопштението се додава дека целата одговорност за тензијата доживеана и на границата и на територијата на Азербејџан, каде привремено се распоредени руски елементи, ја има ерменската администрација.