Ekipa
11 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
ЏAKАРТА (АА) - Индонезискиот вулкан Анак Кракатау еруптираше синоќа, пренесува Агенција Анадолија.
Според Центарот за вулканологија, вулканот што се наоѓа во теснецот Сунда меѓу островите Јава и Суматра во провинцијата Лампунг избувнал во 22:35 часот, исфрлајќи пепел до височина од 500 метри над кратерите.
Центарот извести дека ерупцијата траела 38 минути и 4 секунди.
„Врз основа на нашите набљудувања, до утринава не се забележани вулканска пепел или мирис на сулфур во околината. Досега нема пријавена штета“, соопшти Регионалната агенција за управување со катастрофи во Лампунг.
Локалните жители постепено се вратиja во своите домови, продолжувајќи со следење на ситуацијата.