Yosra Ouanes,Hamdi Yıldız
11 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на лица заразени со новиот вид коронавирус Ковид-19 во арапските земји е зголемен, па во Тунис изнесува 671, во Палестина (Газа и Западен Брег) 267, додека во Судан евидентирани се 17 случаи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Тунис соопшти дека вчера се дијагностицирани 28 нови случаи со коронавирусот, а 25 пациенти се излекувале.
- Палестина -
Преку соопштение, портпаролот на палестинската Влада, Ибрахим Мулхим, потврди дека Ковид-19 е откриен уште кај едно лице и дека вкупниот број на случаи во земјата се искачил на 267.
Министерот за здравство, Меј Кејле, истакна дека вчера уште едно лице починало од коронавирусот, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 2.
- Судан -
Министерството за здравство на Судан соопшти дека со откривањето на два нови случаја, бројката на заразени со Ковид-19 во земјата се зголемила на 17, а дека 2 лица починале.