Aşkın Kıyağan,Ömer Aydın
25 Октомври 2018•Ажурирај: 26 Октомври 2018
СТРАЗБУРГ (АА) - Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донесе одлука дека изразите на 47-годишниот Австриец кои содржат навреди кон божјиот пратеник Мухамед, не може да се сметаат дека влегуваат во рамки на слободата на изразување, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението, Европскиот суд едногласно одлучил дека изразите на Австриецот кои содржат навреди кои ги изрекол во 2009 година за пратеникот Мухамед, не може да се сметаат дека влегуваат во рамки на членот 10. од Конвенцијата за човекови права во врска со слободата на изразување.
Во ова соопштение се подвлекува дека австриските судови според соодветните причини донеле одлука за ова лице.
„Користените спорни изрази ги надминаа границите на објективна расправа. Користените изрази се сметани за напад кој содржи навреда кон пратеникот на исламот, Мухамед. Исто така, другите напади од ваков вид ги поттикнуваат предрасудите и претставуваат закана за слободата на религијата во Австрија“, се вели во соопштението.
Ова 47-годишно лице, за време на семинарот на тема „Основните елементи на исламот“, одржан во Австрија, во 2009 година, одржало говор, во кој користело изрази со навреда кон божјиот пратеник Мухамед, додека во 2011 година доби парична казна од 480 евра од локалниот Суд поради понижување на веронауката.
Австриецот поднесе жалба до Врховниот суд, а Судот ја одби неговата жалба. Потоа ова лице предметот го поднесе до Европскиот суд за човекови права.