Ömer Aydın
17 Септември 2016•Ажурирај: 18 Септември 2016
СТРАЗБУР (АА) – Осум бегалци, по потекло од Сирија, Ирак и Авганистан ја тужат Македонија пред Европскиот суд за човекови права, како се тврди, поради враќање во Грција на начин кој не е во согласност со меѓународните прописи, јавува Anadolu Agency (AA).
Со поддршка на здруженијата Центар на европската конвенција за човекови и уставни права (ECCHR) и PRO ASYL (најголема имиграциска организација за застапување на бегалците во Германија) на 13 септември поднесено е барање до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
По кризата која настана во Сирија, ова е прв настан од овој тип пред меѓународен суд да се појават бегалците кои беа на пат кон Европа.
Во образложението кое го дадоа здруженијата ECCHR и PRO ASYL се вели дека државјаните на Сирија, Авганистан и Ирак, две жени, од кои едната лице со посебни потреби и шестмина мажи, вкупно осум бегалци, на 14 март на граничниот премин Идомени ја преминале македонската граница, но македонските безбедносни сили ги фатиле и веднаш ги вратиле во Грција.
Според нивните изјави, членовите на македонските безбедносни сили не повеле никаква истрага, не биле заведени и на дел од границата на која имало отвор во оградата, незаконски биле вратени назад. Македонија, која е потписник на Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) и Женевската конвенција, со што ги прекршила потпишаните конвенции.
Со ваквата екстрадицијата на мигрантите надвор од Македонија, одземено им е правото за барање азил, што се противи на ЕКЧП и се бара казна за раководството на Македонија поради: „На 8 бегалци кои имаат законски права да поднесат барање за азил, не им било дозволено тоа, ниту им било дозволено да ја објаснат својата состојба.“
На 14 март 2016 година македонските сили назад вратиле околу 1.500 бегалци, кои од Грција преминале во Македонија.
Началничката на секторот за односи со јавноста и протокол во Министерството за внатрешни работи на Македонија, Наталија Спирова Кордиќ, изјави дека по одлуката за затворање на границите, од 8 март до крајот на мај во Грција вратени се 11.800 бегалци.
Слично однесување имала и Шпанија, која ги враќала назад бегалците. Одговорните од здруженијата ECCHR и Pro ASYL, кои ги заштитуваат правата на бегалците и реагираат поради нарушувањето на потпишаните договори, веруваат дека ЕСЧП ќе донесе позитивна одлука по ова прашање.
Тужбата за екстрадицијата на бегалците надвор од границите, кој е прв случај од ваков вид до ЕСЧП, се очекува судската постапка да трае најмалку две години.