Zeynep Tüfekçi
25 Август 2017•Ажурирај: 26 Август 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) – Европската Унија (ЕУ) го осуди израелското рушење на три плестински уилишта во Еруслим и на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
„Секој ученик има право да се образува во безбедна и мирна околина. Должност на земјите е да гарантираат дека училиштата се безбедни места за учениците, да го заштитат и да го почитуваат ова право“, се вели во писменото соопштение на претставништвата на ЕУ во Рамала и во Ерусалим.
Во ова соопштение се бара од Израел да ја врати училишната опрема што е запленета пред да се срушат училиштата, и во согласност со меѓународните човекови права, Израел да се откаже од конфискување на палестинските имоти и од политиката за проширување.
Израелските сили минатиот понеделник ја запленија опремата од три палестински училишта, а потоа ги срушија овие објекти, со тврдење дека се нелегални.