Agnes Szücs
15 Мај 2023•Ажурирај: 17 Мај 2023
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија и партнерите од Г7 ќе разговараат за новите санкции кон Русија поради војната во Украина и врските со Кина на Самитот на Г7 во Јапонија, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, јавува Анадолу.
На заедничката прес-конференција зборуваа Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европската комисија и Чарлс Мишел, пред да отпатуваат на серија меѓународни состаноци подоцна оваа недела.
Фон дер Лајен и Мишел ќе ја претставуваат ЕУ на лидерскиот Самит на Г7, платформа за соработка на најнапредните светски економии, во Хирошима, Јапонија, во период од 19 до 21 мај.
„Ќе разговараме и за санкциите и секако ќе направиме преглед на постојните санкции и идните мерки“, рече Фон дер Лајен.
Таа појасни дека Европската комисија неодамна им го претставила на земјите членки на ЕУ нацртот на 11. пакет санкции на блокот што е „многу тесно координиран со другите Г7 (партнери) што, исто така, градат сличен пакет“.
Новите санкции се очекува да ги применат постојните мерки и да спречат избегнување, како и да го таргетираат извозот на други земји во Русија, вклучително и седум кинески компании што продаваат опрема што ја користи руската армија.
Фон дер Лајен додаде дека на Самитот ќе се разговара и за „економската безбедност“, која е клучен збор во односите со Кина.
Таа очекува лидерите на Г7 да се договорат за збир на „заеднички принципи“ кон Кина.
Фон дер Лајен повтори дека ЕУ се стреми да ги „извлечат од ризик“ своите економски односи со Кина преку намалување на стратегиските зависности и заштита на напредните технологии.