Şerife Çetin
08 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) соопшти дека политичкото решение во Либија треба да се спроведе во рамките на Берлинскиот процес, што е поддржано и од Обединетите нации (ОН), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во Либија ситуацијата започна да се менува на терен, но нема промена во ставот на ЕУ дека треба да се постигне прекин на огнот“, изјави портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, на дневната прес-конференција одговарајќи на прашањето за случувањата во Либија.
Потсетувајќи дека ЕУ многу пати досега упатила повик до сите страни за прекин на огнот, Стано рече дека за Либија нема воено решение и дека страните треба да се вратат на преговарачка маса.
Во однос на новата политичка иницијатива на египетскиот претседател Абдулфетах Сиси, откако милицијата поврзана со Хафтар претрпе порази на терен, Стано нагласи: „Секој чекор што промовира мир и стабилност и е поврзан со процесот на ОН е позитивен. Сепак, во Либија, политичкото решение треба да се спроведе во рамките на ОН и Берлинскиот процес.“