Hasan Esen
21 Јуни 2017•Ажурирај: 22 Јуни 2017
БРИСЕЛ (АА) - Лидерите на Европската Унија (ЕУ), во рамките на безбедносната политика на самитот што ќе се одржи оваа недела во Брисел, ќе разговараат во врска со отстранувањето на терористичките содржини од интернетот, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, испрати покана до лидерите на земјите-членки на ЕУ, за самитот што ќе се одржи на 22 и 23 јуни. Туск во своето писмо напиша дека минатомесечната политичка атмосфера се менува бидејќи се ослабени противниците на ЕУ во Европа, и вели дека сега се пооптимисти.
Тој нагласи дека на самитот најпрвин ќе се дискутира околу безбедноста, бидејќи тероризмот и понатаму претставува голема закана, и посочи дека последните напади укажуваат на еден нов бран на радикализацијата во Европа.
Туск изјави дека ЕУ нема да го преземе местото на националните држави во оваа борба, бидејќи применувањето на политиките зависи од владите.
„Но, ЕУ може да помогне за победата во оваа борба. Досега е забележан напредок во следењето на странските борци, како и на тие што се вратиле (од конфликтните зони). Сега е време да се зголеми соработката со интернет-индустријата. Најголемо е влијанието на терористичката пропаганда во првите неколку часа од објавувањето на интернет. Затоа, треба да ја поттикнеме оваа индустрија да развие инструменти што автоматски ќе ги детектираат содржините што споделуваат терористички материјали или пак поттикнуваат насилство, и ќе ги отстранат тие содржини“, истакна Туск.
Укажувајќи на важноста на соработката со Либија, Туск нагласи дека е потребно на самитот да се преиспита проблемот со миграцијата, како и состојбата на рутата по Средоземното Море.
Исто така, Туск додаде дека ќе ги информира лидерите во самитот за средбите со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како и со претседателот на САД, Доналд Трамп.