Ömer Tuğrul Çam
23 Септември 2021•Ажурирај: 24 Септември 2021
БРИСЕЛ (АА) - Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, за време на средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен побара да се започне дијалог меѓу страните во областа на безбедноста и одбраната, јавува Агенција Анадолија (АА).
Борел и Блинкен се состанаа во рамките на сесијата на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
На состанокот се разговараше за откажувањето на Договорот за одбраната на Австралија со Франција и за воспоставувањето нов договор за безбедносно партнерство кое го потпишаа САД, Велика Британија и Австралија.
Кажано е дека ЕУ и САД ќе работат на преземање практични чекори за продлабочување на дијалогот и соработката.
На состанокот, исто така е нагласено силното сојузништво меѓу САД и ЕУ.
Борел и Блинкен ја покажаа определеноста за продлабочување на односите поради глобалните предизвици, вклучувајќи ја стабилноста во Индопацифичкиот Регион и го нагласија значењето на одбранбените напори на ЕУ кои ќе го зајакнат НАТО. Во тој контекст, Борел потсети на потребата на сеопфатен структурален дијалог за безбедноста и одбраната.
Двајцата официјални претставници разговараа и за Договорот за иранската нуклеарна програма.
Борел ја нагласи важноста за продолжување на преговорите во Виена, главниот град на Австрија, за САД да се вратат на договорот.