Şerife Çetin
10 Јануари 2020•Ажурирај: 12 Јануари 2020
БРИСЕЛ
Претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, упати апел за вршење отворена и детална истрага во врска со патничкиот авион на украинската авиокомпанија кој беше срушен во главниот град на Иран, Техеран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мишел на Твитер напиша дека блиските на жрвите во несреќата имаат право да дознаат што се случувало таму.
„Ги поддржувам апелите на украинскиот претседател Владимир Зеленски, британскиот премиер Борис Џонсон и премиерот на Канада, Џастин Трудо, за вршење отворена и детална истрага во врска со срушениот украински авион“, додаде Мишел.